• петок, 05 декември 2025

Во Општина Маврово и Ростуше ќе биде спроведена теристичка адултицидна дезинсекција

Во Општина Маврово и Ростуше ќе биде спроведена теристичка адултицидна дезинсекција

Дебар, 8 јули 2025 (МИА) - Врз основа на одлуката на Советот а согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, Општина Маврово и Ростуше информираше дека во следните два дена, во вечерните часови  ќе биде спроведена теристичка адултицидна дезинсекција.

-Се известуваат граѓаните на подрачјето на општината Маврово и Ростуше дека на ден 9 и 10 јули, среда и четврток, во вечерните часови,  општината во договор со екипата на ЈЗУ Центар за Јавно Здравје Тетово - одделение за епидемиологија Гостивар ќе спроведува теристичка адултицидна дезинсекција. Истата ќе се врши со апарат УЛВ генератор за ладно замаглување поставено на возило со ротационо светло, стои во известувањето.

Се напоменува дека поради спецификата на работата активностите ќе се вршат во вечерните часови почнувајќи од 21 па се до раните утрински часови.

-Ќе бидат опфатени зелени површини, населени места и депонии. Поради тоа, се замолуваат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите, се нагласува во известувањето.

Во случај на неповолни временски услови дезинсекцијата ќе биде одложена за следниот поволен ден. вт/дма/


Фото: Општина Маврово и Ростуше

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан