• четврток, 05 септември 2024

Во Општина Маврово и Ростуше вечер ќе се спроведе втората дезинсекција за годинава

Во Општина Маврово и Ростуше вечер ќе се спроведе втората дезинсекција за годинава

Дебар, 5 септември 2024 (МИА) - На територијата на Општина Маврово и Ростуше вечер ќе се врши втората теристичка (од земја)  дезинсекција за уништување на возрасните форми на комарци и останати штетници.

-Дезинсекцијата, како општа против епидемиска мерка ќе се спроведе во соработка со Центарот за јавно здравје-Тетово, според претходно утврден план и динамика, само под поволни временски услови. Тоа е согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Маврово и Ростуше, информираа од Општината.

Дезинсекцијата ќе се врши со апарат УЛВ генератор за ладно замаглување поставено на возило со ротационо светло. Поради спецификата на работата, активностите ќе се реализираат во вечерните часови, почнувајќи од 21 часот, па се до раните утрински часови.

- Со дезинсекцијата против комарци ќе бидат опфатени зелени површини, населени места и депонии. Во случај на неповолни временски прилики таа ќе биде одложена, додаваат од општината.

Поради тоа се замолуваат сите граѓани да преземат мерки за заштита, со посебен акцент на пчеларите за заштита на пчелните семејства за да не би дошло до несакани последици.

Првата ваква активност беше реализирана во средината на јули. вт/мд/


Фото: МИА архива и Општина Маврово и Ростуше

 

Остани поврзан