• среда, 20 ноември 2024

Во Минеаполис воведен полициски час после деноноќија анархија, твит на Трамп сокриен поради „глорификација на насилство“ (видео)

Во Минеаполис воведен полициски час после деноноќија анархија, твит на Трамп сокриен поради „глорификација на насилство“ (видео)

Вашингтон, 30 мај 2020 (МИА) - Во повеќе градови во САД синоќа се случија низа протести поради полициското насилство и смртта за време на задржување на Афроамериканецот Џорџ Лојд. во неделата во Минеаполис.

Полицаецот, Дерек Шавин, кој со колена го приклешти Флојд, легнат и во лисици, по што задржаниот почина на место, синоќа беше уапсен и обвинет за убиство од втор степен, јави Си-ен-ен.

Обвинителот во Минеаполис изјави дека очекува и нови задржувања, најверојатно на останатите тројца полицајци. Од видео снимка од друг агол синоќа се дозна дека вкупно тројца службеници со колена и раце притискаат на легнат човек кој моли за помош со повик да стане и дека не може да дише, јави Си-ен-ен.

Набљудувачите укажуваат дека за време на пандемија на коронавирус во САД, лесно дојде до израз и „пандемијата на расизам и полициска бруталност врз црномурестото население“.

Демонстрантите го изразија својот гнев во градовите како Атланта, Њујорк и Вашингтон, со скандирање, изблици на насилство, кршење на излози и палење автомобили.

Во Њујорк, толпа од илјадници се судри со полицијата пред станицата Јунион. Во Атланта, Џорџија, протестантите кршеа прозорци на полициски возила, најмалку една кола беше запалена. Полицијата беше на готовс да се соочи со протестантите во паркот Стогодишната Олимпија.

Во Минеаполис пак, после неколку деноноќија анархија воведен е полициски час. Протестите беа одбележани со вандализам, грабежи, фрлање молотови коктели и пожари. Беа запалени многу возила и повеќе објекти, меѓу кои и полициска станица. Полицискиот час е воведен од синоќа од 20 часот со траење до 6 часот наутро. Исто така ќе биде и во сабота навечер. Соседниот град, Сент Пол, воведе сличен полициски час.

Во Минеаполис вчера за време на насилни грабежи и уништување на продавници и други бизниси, се случи и пукање, по што се дозна дека едно лице било застрелано.

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер вчера се обрати со соопштение да се престане со вадализмот во Минеаполис, и го искритикува „демократскиот градоначалник“ да се справи со ситуацијата или „ќе ја повикам војската“, завршувајќи со фразата „кога започнува грабежот, започнува и пукањето“.

Се дозна дека оваа фраза е од историјата на белиот супрематизам во САД, и била употребена од полициски началник за време на судење во Флорида во 1967 година. Фразата тогаш предизвикала гневни реакции од граѓанските активисти.

Поради ова, социјалната мрежа Твитер го сокри твитот на Трамп. Од таму укажаа на „нарушување на правилата на Твитер околу глорификација на насилство“. Твитот на претседателот сега е сокриен, а корисникот може да го види ако кликне на него. Твитот не може да се „лајкува“, споделува, и не може да се коментира или одговара. кб/

https://edition.cnn.com/videos/us/2020/05/29/george-floyd-kneeled-on-by-three-officers-video-vpx.cnn    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан