Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на фотографии „StandWithUkraine“ од Кристина Атовска
- Пред многубројни гости и дипломати од повеќе земји, вчеравечер во македонскиот Културно информативен центар во Тирана, новинарката и воен известувач од Украина, Кристина Атовска ја претстави

Дебар, 1 февруари 2023 (МИА) - Пред многубројни гости и дипломати од повеќе земји, вчеравечер во македонскиот Културно информативен центар во Тирана, новинарката и воен известувач од Украина, Кристина Атовска ја претстави својата изложба "StandWithUkraine" од нејзиното патешествие и воено известување од Украина.
Исто така прикажа и трајлер за нејзиниот долгомотражен документар филм.
- Украинскиот амбасадор во Тирана, господинот Володимир Шкуров, изрази голема почит кон нас и нашата земја, за сета подршка и помош во нивната борба за слобода, објави македонскиот КИЦ.
На изложбата присуствуваше и македонскиот амбасадор Данчо Марковски. вт/сст/