• среда, 25 декември 2024

Во Македонска Каменица утре ќе се прска против комарци

Во Македонска Каменица утре ќе се прска против комарци

Македонска Каменица, 19 јуни 2024 (МИА) - Во Македонска Каменица утре ќе биде спроведено теристичко прскање против комарци. Со прскањето како што информираа од Општината ќе биде опфатена површина на територијата на Општина Македонска Каменица од 200 хектари.

-Општина Македонска Каменица упатува соопштение до граѓаните дека во четврток, на 20 јуни 2024 година, во доцните вечерни часови ќе биде спроведено (прво) терастично третирање против комарци во централното градско подрачје на вкупна површина од 200 хектари. Прскањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за уништување на комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови, информираа од Општината.

Апелираат граѓаните што одгледуваат пчели да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.

-При несоодветни временски услови, третирањето против комарци ќе се одложи за следниот поволен ден, додадоа од Општината.

Прскање против комарци во Општина Македонска Каменица ќе биде спроведено неколку пати во текот на годината. вс/сст/


Фото МИА архива
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан