• понеделник, 02 септември 2024

Во Македонска Каменица во тек се активности за подобрување на безбедноста во сообраќајот

Во Македонска Каменица во тек се активности за подобрување на безбедноста во сообраќајот

Македонска Каменица, 14 август 2024 (МИА) - Во Македонска Каменица во тек се активности за подобрување на безбедноста во сообраќајот. За таа цел се обновува хоризонталната сообраќајна сигнализација, а се градат и нови пешачки тротоари.

-Јавното претпријатие „Камена Река“ од Македонска Каменица ги започна редовните активности за обележување на хоризонтална сообраќајна сигнализација во градската средина на Македонска Каменица. Оваа акција опфаќа обновување и обележување на пешачки премини, паркинг места, стоп линии, стрелки за насочување, како и други видови на хоризонтална сигнализација, кои се од клучно значење за безбедноста на сите учесници во сообраќајот, информираа од Општината.

Во оваа општина во завршна фаза е изградбата на пешачки тротоар од бекатон плочки на улица „Осоговска“.

-Во рамки на тамошните активностите потоа ќе следува гребење на стариот асфалт и реконструкција на целата улица во должина од околу 500 метри, додадоа од Општината.

Напомена дека вакви и слични активности ќе се реализираат и во наредниот период, согласно потребите за зголемена безбедност на сообраќајниците во градот. вс/мд/


Фото: Градоначалник на Македонска Каменица Димчо Атанасовски

Остани поврзан