• сабота, 09 ноември 2024

Во „Македониумот“ во Крушево презентиран „Керамикум во мермер“ на уметникот Емил Солески

Во „Македониумот“ во Крушево презентиран „Керамикум во мермер“ на уметникот Емил Солески

Крушево,  25 јуни 2023 (МИА) - Во „Македониумот“ во Крушево синоќа беше претставен мултимедијалниот проект „Керамикум во мермер“ на прилепскиот уметник Емил Солески. Проектот е во рамките на Крушево - град на културата за 2023 година.

Проектот опфаќа изложба, проекција и амбиентално претставување на уметничкиот израз на Солески.

-Мултимедијалниот проект ја опфаќа проекцијата на уметничко-документарниот филм „Желбеник“ сниман на пет неолитски локалитети низ Македонија. Ги опфаќа локалитетите Врбјанска ќука - Прилепско, Велушка тумба-Битолско, Заливот на коските- Охрид, Церје Говрлево-Скопско и локалитетот Барутница од Овчеполието. На локалитетите се снимени камените-желбеници и се исценирани неолитски села.  Пораката е претставување на куќата-желбеник која го манифестира идентитетот на домаќинството и да го потенцира исклучителното значење на трите дела: земја-вода-сонце, предуслов за благосостојба и културен подем, изјави Солески.

На презентацијата, Марко Солески со звуците на тамбурата потсети на традицијата, дополнувајќи ја атмосферата во Македониумот во Крушево.

Мултимедијалниот проект „Керамикум во мермер“ на Солески лани беше претставен во Заливот на коските во Охрид и во Музеј на Македонија во Скопје.ем/бт/

фото извор Солески

Остани поврзан