Во Куманово литературна работилница и промоција на сликовници од Ана Јовковска
- Креативна работилница и промоција на сликовниците „До небото и назад“ и „Љубов во топка“ од авторката Ана Јовковска ќе се одржи денеска во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово. На работилницата ќе присуствува и илустраторот Иванка НиБа.
Куманово, 13 мај 2025 (МИА) - Креативна работилница и промоција на сликовниците „До небото и назад“ и „Љубов во топка“ од авторката Ана Јовковска ќе се одржи денеска во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово. На работилницата ќе присуствува и илустраторот Иванка НиБа.
- Во сликовниците е обработена темата за детската безусловна љубов, бидејќи децата даваат и љубат од срце, без да мерат колку дале и колку треба да земат. Детето кое е сакано љубовта ја гледа во се околу себе, па лесно се поврзува со сè она што го опкружува. Тие се најдобри учители, преку нив можеме да станеме подобри личности, подобри родители, наставници и воспитувачи. Овие приказни треба да им покажат на децата дека љубовта ја следат широк спектар на емоции од кои не треба да се плашат. Емоциите не секогаш се пријатни, но секогаш носат порака. Кога ќе ја декодираме скриената порака емоционално растеме и го зајакнуваме психолошкиот имунитет, пишува авторката Ана Јовковска.
„До небото и назад“ и „Љубов во топка“ се најновите книги за деца на авторката Ана Јовковска, илустрирани од страна на Иванка НиБа.
- Ги покануваме децата да присуствуваат на настанот кој ќе биде од интерактивен карактер. Најавено е присуство на ученици од повеќе училишта, но сите се добредојдени, изјави стручниот соработник за литературна дејност, Маргица Станисављевиќ Станисављевска.
Во сликовниците, како што посочува авторката Јовковска, е обработена темата за детската безусловна љубов, бидејќи децата даваат и љубат од срце, без да мерат колку дале и колку треба да земат.
-Детето кое е сакано љубовта ја гледа во се околу себе, па лесно се поврзува со сè она што го опкружува. Тие се најдобри учители, преку нив можеме да станеме подобри личности, подобри родители, наставници и воспитувачи. Овие приказни треба да им покажат на децата дека љубовта ја следат широк спектар на емоции од кои не треба да се плашат. Емоциите не секогаш се пријатни, но секогаш носат порака. Кога ќе ја декодираме скриената порака емоционално растеме и го зајакнуваме психолошкиот имунитет, пишува Јовковска.
Настанот е дел од годишната литературна програма на НУЦК за 2025 година поддржана од Министерство за култура и туризам. ам/дма/
Фото: НУЦК плакат