• сабота, 23 ноември 2024

Во Крива Паланка донирани петнаесет таблети за ученици од семејства во социјален ризик

Во Крива Паланка донирани петнаесет таблети за ученици од семејства во социјален ризик

Крива Паланка, 7 мај 2020, (МИА) – Локалната самоуправа на Општина Крива Паланка информира дека добиена е донација од петнаесет електронски уреди- таблети од компанијата  „Еколог интернационал“ кои се наменети за ученици од основните училишта во општината кои се од социјално загрозени семејства.

-Донацијата, за која јавно упатуваме благодарност, е од компанијата „Еколог интернационал“ на семејството Дестани од Тетово. Таблетите ги добивме вчера и денесја веќе се дистрибуирани до двете основни училишта од градот, „Јоаким Крчовски“ и  „Илинден“, а истите се наменети за ученици кои потекнуваат од социјално загрозени семејства и не се во можност да ја следат онлајн наставата. Со ова , петнаесет дечиња ќе добијат помош и поддршка во непречена реализација на наставата од далечина, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Бројанчо Мицевски.

Тој упати голема благодарност до фирмата-донатор како општествено одговорна компанија и до сопствениците, семејството Дестани од Тетово, кои во овие тешки моменти покажуваат огромна општествена одговорност и донираат таблети на повеќе  општини во државата.иб/ир

Остани поврзан