• понеделник, 23 декември 2024

Во крводарителска акција во велешката касарна собрани 21 крвна единица

Во крводарителска акција во велешката касарна собрани 21 крвна единица

Велес, 15 јули 2022 (МИА) - Во денешната акција за доброволно дарување на крв од страна на припадниците на Армијата во велешката касарна „Алексо Демниевски-Бауман“, собрани се 21 крвна единица со што акцијата е успешна, информира за МИА Орце Николов, секретар на ООЦК Велес.

Од ООЦК Велес акцијата ја организираа во соработка со екипа од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Во акцијата крв дарувале 16 лица и петмина вработени во службите и единиците на Армијата во касарната во Велес.

Инаку, ова е втора акција годинава во велешката касарна. Првата беше на 18 февруари кога беа дарувани 56 крвни единици, а третата се планира некаде во октомври/ноември.

-Припадниците на Армијата се меѓу најхуманите во сите акции и секогаш се меѓу првите да ја подадат раката и даруваат крв во итни случаи, за да се спаси нечиј живот во опасност, потенцираше Николов.ад/бт/

Остани поврзан