Во крводарителна акција во Дебар собрани 38 крвни единици
- Општинската организација на Црвен крст - Дебар денеска ја спроведе третата по ред крводарителна акција за годинава.

Дебар, 31 мај 2022( МИА) - Општинската организација на Црвен крст - Дебар денеска ја спроведе третата по ред крводарителна акција за годинава.
Акцијата беше реализирана во соработка со Институтот за трансфузиска медицина, чија екипа беше сместена во просториите на гимназијата „28 ноември", при што за време на неколку часовниот престој беа прибрани 38 крвни единици.

Годишниот план, вели тој, е проектиран на 744 крвни единици, колку што беше и минатата година. До сега прибрани се 158 крвни единици, што е исполнување на планот за над 21 отсто.вт/свс/