• среда, 17 декември 2025

Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 40 луѓе

Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 40 луѓе

Газа, 16 јуни 2025 (МИА) – Најмалку 40 луѓе загинаа во денешниот израелски напад врз Појасот Газа. Половина од жртвите се убиени во близина на центар за дистрибуција на помош на Хуманитарната фондација Газа (ГХФ) во Рафа, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Според болнички извори во израелските напади повредени се 200 луѓе.

Израел ја предаде одговорноста за дистрибуцијата на најголемиот дел од хуманитарната помош што ја дозволува во Појасот Газа на ГХФ, нова организација поддржана од САД, која управува со три контролни пунктови заштитени од израелски војници.

Обединетите нации го отфрлија таквиот систем, истакнувајќи оти дистрибуцијата на ГХФ е несоодветна, опасна и ги нарушува принципите на хуманитарна непристрасност. ми/

фото: ДПА

Остани поврзан