Во израелските напади врз Иран загинаа најмалку 78 луѓе
- Иранскиот портал „Ноурњуз“ (Nournews) објави неофицијална бројка на жртви во денешните израелски напади врз Иран
Техеран, 13 јуни 2025 (МИА) – Иранскиот портал „Ноурњуз“ (Nournews) објави неофицијална бројка на жртви во денешните израелски напади врз Иран.
Во главниот град на Иран, Техеран загинаа 78 луѓе, а 329 се повредени.
Во меѓувреме, иранската новинска агенција Мехр јави дека Израел продолжи со воздушни напади врз градот Табриз, во северозападен Иран. ми/
фото: Икс