• сабота, 23 ноември 2024

Во заедничка акција на албанската и црногорската полиција уништени над 11 илјади стебла мархуана

Во заедничка акција на албанската и црногорската полиција уништени над 11 илјади стебла мархуана

Тирана, 25 јули 2024 (МИА) – Во заедничка акција на албанската и црногорската полиција против одгледување наркотици, на границата меѓу двете земји, на албанска страна, уништени се 11.358 стебла марихуана.

Марихуаната била засадена на три парцели, уапсено е лицето М.Г.(28), жител на северниот албански град Скадар, а во акцијата полицијата пронашла и огнено оружје.

- По неколку неделна истрага, во соработка со Обвинителството при Основниот суд Скадар, под тешки оперативни услови, полициската акција против одгледување наркотични растенија „бачило“ е финализирана на територијата на Голема Малесија, во атарот на селото Селце, во местото викано „Бачилата на Грчес“, на границата со Црна Гора, информираа од албанското Министерство за внатрешни работи.

Во акцијата пронајдено и како материјален доказ е одземено едно огнено оружје, ловечка пушка, со муниција и една сачмарка, кои биле поседувани без дозвола.

- Овој модел на соработка уште еднаш ги покажува многу добрите односи меѓу двете полиции, како и довербата за размена на какви било информации во борбата против криминалот, стои во објавата.

Исто така се наведува дека полицијата од Скадар, во рамки на националната акција „чиста територија“ од јануари до денеска уништила 249.834 стебла марихуана, во 242 случаи кои се предадени на Обвинителството на судскиот округ Скадар за поведување кривична постапка. вт/паг/

Фото: МВР Албанија
 

 
 
 

 

 

Остани поврзан