• петок, 05 декември 2025

Во Долни Дисан недостиг од вода за пиење, од месната заедница најавуваат решавање на проблемот 

Во Долни Дисан недостиг од вода за пиење, од месната заедница најавуваат решавање на проблемот 

Неготино, 9 јуни 2025 (МИА) - Недостиг од вода за пиење има во неготинско Долни Дисан, реагираа денеска во изјава за МИА жители од ова село. Тие појаснија дека околу една седмица биле без вода за пиење и вода добивале само по два - три часа во текот на еден ден. 

- Нашата вода секако не е чиста за пиење. Ама да нема ни за миење, ни за перење, многу лошо, рекоа тие. 

Дончо Николовски, претседател на месната заедница Долни Дисан појасни за МИА дека селото добивало вода од две места. Од извор од соседното село Горни Дисан и од друго место, каде што во моментов имало проблем со пумпата што фрла вода до базенот. 

Она малку вода што доаѓало во чешмите повремено било од изворот од Горни Дисан. 

- Таа пумпа што сега има проблем, ја купивме минатата година со финансиски средства од жителите на селото. Има проблем да, но, пумпата е под гаранција и ако не е некој ситен дефект, ќе ја носиме на сервис во Скопје, појасни Николовски. свд/мд/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан