• недела, 04 август 2024

Во Делчево се отстрануваат дефекти на водоводната мрежа на две локации

Во Делчево се отстрануваат дефекти на водоводната мрежа на две локации
Делчево, 26 ноември 2022 (МИА) - Во Делчево екипи на Јавното комунално претпријатие ,,Брегалница" работат на отстранување на два дефекти на водоводната мрежа поради кои повеќе од 12 часа најголем дел од градот е без вода за пиење. Моментално како што информираше директорот на претпријатието Стојче Стојковски се работи на настанатиот дефект на паркингот кај Здравствениот дом ,,Гоце Делчев" и кај месноста Умин Дол.
-Во Делчево екипи на претпријатието работат на отстранување на дефектот кој е настанат на доводната линија на профил Ф-200. Во исто време се работи и на дефект на главната доводна линија од Тработивиште кон Делчево кај месноста Умин Дол каде е настанат дефект на профил Ф-315мм, информираше Стојковски.
Апелираше граѓаните да бидат стрпливи до нормализирање на водоснабдувањето.
-Бидејќи се работи за два дефекти потребно е време додека водоснабдувањето се нормализира. Тоа секако ќе се случи во текот на ова попладне, за што апелирам на разбирање од страна на граѓаните, додаде Стојковски.
Очекувањата на екипите кои работат на отстранување на дефектите е најдоцна до пладне дефектите на водоводната мрежа да бидат санирани. вс/дма/

Остани поврзан