Во Делчево седма изложба на олдтајмери
- Во организација на здружението ,,King's of the road's", во Делчево денеска ќе се одржи седмата изложба на олдтајмери. Претседателот на здружението Лоренцо Трајановски истакна дека очекува на популарното Ретро Кар Шоу со своите стари возила да продефилираат околу 100 учесници од нашата држава и од соседните земји.
Делчево, 6 август 2023 (МИА) - Во организација на здружението ,,King's of the road's", во Делчево денеска ќе се одржи седмата изложба на олдтајмери. Претседателот на здружението Лоренцо Трајановски истакна дека очекува на популарното Ретро Кар Шоу со своите стари возила да продефилираат околу 100 учесници од нашата држава и од соседните земји.
-Имаме најави за учество од Србија, Бугарија и Македонија со кои како клуб соработуваме, а кои најавија дека ќе дојдат на настанот. На изложбата е добредојден секој оној кој има возило старо над 30 и повеќе години, а доколку некој има желба да учествува и со некое друго возило секако дека е добредојден, истакна Трајановски.
Седмата по ред изложба на олдтајмери во Делчево, како што додаде претседателот на делчевското здружение, ќе се одржи на спортското игралиште при деветолетката ,,Ванчо Прке".
-На оваа локација имаме одлични услови да ги пречекаме гостите затоа решивме да ја одржиме тука. За време на настанот, ќе се служат пијалоци, скара, ќе имаме дружење меѓу сопствениците на олдтајмери, а секако обезбедивме и награди за најстарото возило и други награди за што ќе одлучува претставник на Федерацијата на историски возила на Македонија која е членка на ФИВА, додаде Трајановски.
Предвидено е и дефиле со олдтајмерите низ градските улици во Делчево. вс/дма/
Фото: МИА