• сабота, 17 август 2024

Во Делчево промовиран романот ,,Патот до вистината" од Душко Ивановски

Во Делчево промовиран романот ,,Патот до вистината

Делчево, 16 август 2024 (МИА) – Во организација на Јавната локална библиотека „Илинден“, вечерва во Делчево беше промовиран романот „Патот до вистината“ од Душко Ивановски.

– Чест ни е што роднокрајното одделение на библиотеката од вечерва е побогато за уште еден наслов. „Патот до вистината" е достапна до сите наши читатели. На промоцијата покрај авторот, зборуваше и рецезентот Ленче Стоименова, а делови од книгата читаа Маријана Стоименовска, професор по македонски јазик и средношколците Михаела Наковска и Лазар Велков, истакна директорката на Јавната локална библиотека „Илинден“, Билјана Петровска.

Од ЈЛБ „Илинден" на авторот му посакаа многу успех, позитивни критики, нови напишани страници кои ќе ги воодушевуваат читателите.

Авторот на книгата Душко Ивановски истакна дека книгата била готова уште пред две години.

– Останато беше само доработката, да се подготви рецензијата и да се издаде книгата. Романот е продолжение на приказната од првата книга Патот до нас, а останува на читателите да ја откријат приказната, рече Ивановски.

Рецензентот Ленче Стоименова, додаде дека вториот роман на Ивановски ја продолжува приказната на неговото семејство од селото Вртиславци и во него мајсторски се опишани сите животни случки кои ги преживува неговото семејство. вс/ра/

Фото: МИА

Остани поврзан