• недела, 21 јули 2024

Во Делчево започнаа активности за селектирање на отпадот од стакло

Во Делчево започнаа активности за селектирање на отпадот од стакло
Делчево, 3 ноември 2022 (МИА) - Во Делчево започнува активност за одвоено собирање отпад од стакло за што ќе бидат поставени контејнери за отпад од стакло на повеќе локации во градот. Како што информираа од Општината, активноста се реализира во рамки на потпишаниот Договор за соработка и постапување со отпад од пакување меѓу Општина Делчево, Јавното комунално претпијатие „Брегалница“ и Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување Пакомак ДОО Скопје. - Во градот Делчево на пет локации се веќе се поставени контејнери за одвоено собирање отпад од стакло. Контејнерите се поставени на улица „М.М.Брицо“ (на паркингот под СОУ „М.М.Брицо“ и комплексот Делчевчанка), улица „Кеј на Брегалница“ спроти зграда бр.1, улица „Н.Ј.Вапцаров“ (спроти влезот на ОУ „Ванчо Прке“)  на градски пазар и на паркингот кај Стар градски пазар во Делчево, информираа од Општината. Целта на активноста е воспоставување систем за целосно, ефикасно, економско оправдано и одржливо интегрално управување и постапување со отпад. - Граѓаните можат отпадот од стакло од домаќинствата да го исфрлаат во кој било контејнер за одвоено собирање на отпадот кој потоа со претходна дојава ќе се подига од страна на Пакомак. Имплементацијата на овој Договор значи и почеток на селектирање на отпадот во Делчево, додадоа од Општината. Како продолжение на оваа активност, во периодот 2022-2025, во Делчево ќе бидат дистрибуирани 260 зелени пластични канти од 120 литри за собирање ПЕТ-амбалажа, лименки и хартија и 20 зелени пластични контејнери за собирање стакло, а ќе бидат реализирани и кампањи за подигање на јавната свест во врска со целите и придобивките од собирањето и селекцијата на отпадот од пакување. вс/цр

Остани поврзан