• четврток, 26 декември 2024

Во Дебар почна уривањето на стари оштетени објекти што претставуваат опасност за минувачите

Во Дебар почна уривањето на стари оштетени објекти што претставуваат опасност за минувачите
Дебар, 26 февруари 2021 (МИА) - Локалната власт на Дебар ја почна акцијата за уривање на стари објекти што претставуваат голем ризик за безбедноста на граѓаните. Низ градот има повеќе вакви објекти, чии сопственици живат,главо во САД а истите се оставени на забот на времето. Дел од нив се оставени поради нерешените имотно правни односи. Прво урнатата стара куќа се наоѓаше речиси во центарот на градот, во непосредна близина на црква, која освен за минувачите потенцијала опасност беше и за соседните куќи. - Објектот го урнавме откако добивме потребна согласност од нејзиниот сопственик, што е неопходен документ за превземање ваква акција. Ангажиравме потребна механизација како за уривањето така и за расчстување, подигање и транспорт на градежниот отпад.Во тек е постапка за добвање огласност за уште еден објект, па понатаму продолжуваме се во интерес на безбедноста на граѓаните, изјави за МИА, Газменд Цами, раководтел на секторот за урбанизам. Вакви објекти „заборавени“ од сопствениците има пред се во стариот дел на градот, месностите Варош, Намазјар и Тикварци. Често ова прашање за кое се бараше да се најде итно решение е посочувано на седниците на Советот на општината. Дебрани ја поздравија започнатата активност на локалната власт, зашто, како што велат, при секое минување покрај овие објекти стравуваат за својот живот. вт/ки/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан