• вторник, 26 ноември 2024

Во Дебар излезноста до 17 часот на претседателскитe 19 отсто, а на парламнетарните 31 отсто, во Центар Жупa 16,67 односно 16,78 отсто

Во Дебар излезноста до 17 часот на претседателскитe 19 отсто, а на парламнетарните 31 отсто, во Центар Жупa 16,67 односно 16,78 отсто

Дебар, 8 мај 2024 (МИА) - Во општините Дебар и Центар Жупа, попладнево, пополека се зголемува излезноста на граѓаните кои одлучиле да го искористат граѓанското право на глас.

-Изборниот ден пополека изминува во најдобар ред во сите 27 избирачки места. До 17 часот на претседателските избори гласаа 3.730 или 19 отсто од вкупно запишаните 19.269 лица со право на глас, што е за 10 отсто помала излезност споредено со првиот круг. На парламентарните избори правото на глас го искористија 5.923 или 31 отсто од 19.311 лица, изјави за МИА, Рилинд Хаса, претседател на Oпштинската изборна комисија на Дебар.

Според претседателот на Општинската изборна комисија во општина Центар Жупа, Неџип Илјаз и во оваа општина пополека изборниот ден изминува без проблеми.

-До 17 часот на гласање излегоа 1.230 лица со право на глас или 16,67 отсто од вкупно запишаните 7.368 лица за претседателските избори. Во првот круг излезноста беше 15,57 отсто. На парламентарните избори од вкупно запишаните 7.383 лица правото на глас го остварија 1239 граѓани или 16,78 отсто, рече Илјаз.

И двајцата потврдуваат дека членовите на Општинските изборни комисии редовно вршеле обиколки на избирачките места и не се забележани никакви недоследности во текот на гласањето.

Во двете општини вчера правото на глас во домашни услови го остварија 78 болни и иснемоштени лица.

Од 68 колку што гласаа во Дебар, 46 гласале и за претседателски и за парламентарни избори, додека 22 само за парламентарни избори, додека во Центар Жупа гласаа 10 лица, сите и за претседателски и за парламентарни избори. вт/дма/

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан