• сабота, 20 јули 2024

Во Дебар аплицирани над 200 дози вакцини против сезонски грип, од нив само четири комерцијални

Во Дебар аплицирани над 200 дози вакцини против сезонски грип, од нив само четири комерцијални

Дебар, 1 ноември 2023 (МИА) – Во дебарската единица за јавно здравје непречено се одвива имунизацијата против сезонски грип и до денеска аплицирани се 204 дози вакцини, главно кај хронични болни и повозрасни лица од 65 години.

-Од вкупно аплицираните 200 дози се бесплатни, додека само 4 се комерцијални. До сега на апликацијата vakcinacija.mk се пријавени над 300 лица. Имунизацијата се одвива без никаков проблем. Апелирам до граѓаните да се вкакцинираат бидејќи тоа е најдобрата заштита од сезонскиот грип, рече за МИА епидемиологот Ментор Мела.

Додава дека од досега вакцинираните, над 70 отсто се жители од општините Дебар и Центар Жупа, кои со својата активност ги покрива единицата, а останатиот процент се жители од подрачјето на Долна Река, општина Маврово Ростуше, како и граѓани жители на други градови кои во овој период се во нивните родни места, а кои во апликацијата го навеле Дебар како пункт за вакцинација.

Според Мела, како и изминатите години, со вакцина против сезонски грип очекуваат да бидат опфатени околу 500 лица. вт/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан