• сабота, 23 ноември 2024

Во Грција започнува издавањето на новите биометриски лични карти

Во Грција започнува издавањето на новите биометриски лични карти

Атина, 25 септември 2023 (МИА) – Од денеска во Грција започнува издавањето на новите биометриски лични карти, за кои во земјата имаше реакции од помали групи граѓани, кои тврдеа, меѓу другото, дека содржат чипови со кои ќе бидат следени, јави дописничката на МИА од Атина.

Со одлуката за издавање на новите лични карти Грција се усогласува со европската регулатива, за која во јули добила уште едно предупредувачко писмо од ЕУ поради неусогласеноста.

- Грција го прави следниот чекор во безбедноста на граѓаните со издавање нова безбедна лична карта за грчките граѓани, одговарајќи на европската регулатива, но и на барањата на меѓународните тела, соопштија од надлежните министерства.

Процесот на издавање започнува електронски, со закажување термин, а потоа и посета на полициска станица, каде што ќе се врши фотографирањето, но граѓаните имаат опција да достават и нивни фотографии од професионално фото студио.

Старите лични карти во Грција немаат ограничена важност, односно на самиот документ не пишува кога истекува, додека пак замена, најчесто се врши при загуба, оштета, кражба и сл.

Во земјата имаше и реакциите против новите биометриски лични карти, што започнаа во текот на летото, кога голем број граѓани во различни делови на Грција започнаа масовно да поднесуваат барања за обнова на постоечките лични карти, мислејќи дека така ќе избегнат вадење биометриски, а паралелно одржаа и протести во Солун и Атина.

Со грчки знамиња, крстови, икони, темјан, но и со говори, стотици Грци, организирани преку социјалните мрежи, вечерва одржаа мирен протест во центарот на Атина против новите биометриски лични

Старите лични карти ќе престанат да важат на 3 август 2026 година. ср/паг/

Остани поврзан