Во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје одржан семинар „Полска на полица“
- Во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје вчера се одржа семинарот „Полска на полица“, дел од истоимениот проект што оваа институција го работи во партнерство со Амбасадата на Република Полска во Скопје, информираат од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.
Скопје, 28 февруари 2024 (МИА) - Во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје вчера се одржа семинарот „Полска на полица“, дел од истоимениот проект што оваа институција го работи во партнерство со Амбасадата на Република Полска во Скопје, информираат од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.
На семинарот за полската книжевност за деца и возрасни, со посебен акцет врз книжевната репортажа говореле професори и преведувачи од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
Од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ додаваат дека претставниците од полскиот Институт за книга и полската Амбасада ги споделиле свои искуства во создавањето читателска публика и подигнување на свеста за важноста на книгата. ад/дма/