Во Гостивар за гласање пријавени 129 болни и изнемоштени лица
- Во првиот круг од претседателските избори во општина Гостивар ќе гласаат 129 болни и изнемоштени лица, потврдија од Општинската изборна комисија.

Гостивар, 22 април 2024 (МИА) – Во првиот круг од претседателските избори во општина Гостивар ќе гласаат 129 болни и изнемоштени лица, потврдија од Општинската изборна комисија.
- Во законскиот рок до комисијата беа поднесени над 150 пријави со барања за гласање. Комисијата во соработка со лекар ги разгледа барањата и оправданите ги прифати, информираше членот на ОИК Халит Елези.
До ОИК Гостивар во законскиот рок не биле поднесени барања од лица кои се наоѓаат во притвор или затвореници. згм/мд/
Фото: МИА архива