• вторник, 24 декември 2024

Во Гостивар во август имало 2.360 новозаразени и 69 починати од Ковид -19

Во Гостивар во август имало 2.360 новозаразени и 69 починати од Ковид -19
Гостивар, 10 септември 2021 (МИА) - Во четвртиот бран на пандемијата, најлоша состојбата била во август, оценуваат во гостиварската болница. Според евиденцијата на службите во најголемата здравствена установа болницата „Ферид Мурад“, минатиот месец имало вкупно 2.360 новофинцирани, а најмногу во еден ден на лекување биле 120 пациенти. Регистрирани се и 69 лица починати од Ковид-19. Првиот човек на гостиварската болница, Јакуп Јакупи, за МИА потврди дека, состојбата е значително сè подобра и притисокот на наплив на заболени е намален. - Денес во одделенијата на лекување се 46 пациенти, од кои 30 се на кислородна поддршка и повеќето се со средно-тешка клиничка слика. Имаме доволен капацитетот за прием на уште 67 новозаболени, доколку се јави потреба. Една од причините за високата смртност е агресивноста на овој сој на вирус што циркулира во четвртиот бран, вели Јакупи. Во август се забележани и 1.153 случаи на излекувани пациенти. Во изминатите 24 часа во болницата се регистрирани четири жртви од Ковид-19, три починале во гостиварската болница и една во Скопје. зм/ар/

Остани поврзан