• сабота, 06 декември 2025

Во Гази Баба работилница против врсничко насилство 

Во Гази Баба работилница против врсничко насилство 

Скопје, 14 мај 2025 (МИА) - Во големата сала на Општина Гази Баба денеска во 18:00 часот ќе се одржи работилница против врсничко насилство, организирана од „Макпетрол“ во рамки на нивната општествено одговорна кампања „Стоп за булинг“, на која родителите ќе имаат можност да разговараат за врсничко насилство. 

На оваа едукативна средба родителите ќе имаат прилика да слушнат повеќе аспекти за проблемот со врсничкото насилство. За стручниот дел ќе зборува психологот Деспина Стојановска, а работилницата ќе ја води актерот Сашко Коцев.

„Макпетрол“ досега организира 14 работилници наменети за родители во овој сегмент од својата општествено одговорна кампања. За врсничкото насилство се дискутираше во општините Илинден и Петровец, Бутел и Чучер-Сандево, потоа во Битола, Ѓорче Петров, Кавадарци (со Демир Капија), Крива Паланка. Работилници од овој тип се одржаа и во Штип, каде што учествуваа граѓани и од Свети Николе, во Кисела Вода, Карпош, Аеродром, Центар, Куманово, како и во Кочани, која беше наменета и за граѓаните од Виница и од Берово.

На овие собири, родителите имаат можност да се стекнат со знаења за врсничкото насилство, но и да дознаат како тоа влијание врз децата. Како најзасегнати и најодговорни за нивниот развој, родителите преку работилниците се информираат како можат да придонесат да се препознаат и да се разрешат ваквите случаи. На овие средби, исто така, се споделуваат лични искуства и приказни поврзани со булингот, а на темата се разговара и со психологот. Членови на стручните служби на училиштата во општината, кои работат со учениците при случаи на врсничко насилство, исто така, учествуваат на овие настани.

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничко насилство“, доби широка поддршка и во неа се приклучија 26 општини со кои што компанијата потпиша меморандуми за соработка. Во првата фаза беа организирани работилници за ученици во повеќе од 150 основни училишта. Преку интернет-страницата kreniglas.mk јавноста може да дознае голем број информации за врсничкото насилство.вј/лв/

Фото: Макпетрол

 

Остани поврзан