Во Велес промовирана книгата Методот „ROGANTE“од италијанскиот автор Масимо Роганте
- Во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес, во соработка со Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ – Велес, попладнево се одржа промоција на книгата Методот „ROGANTE“, нов едноставен метод за ефикасна организација на процесот на учење“, од италијанскиот авторот Масимо Роганте, а кој беше присутен на промоцијата.
Велес, 12 февруари 2026 (МИА) - Во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес, во соработка со Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ – Велес, попладнево се одржа промоција на книгата Методот „ROGANTE“, нов едноставен метод за ефикасна организација на процесот на учење“, од италијанскиот авторот Масимо Роганте, а кој беше присутен на промоцијата.
Промоторката на делото, Лили Арсова, истакна дека Методот „ROGANTE“ оја е во превод на м-р Илија Настовски нуди јасен одговор на едно од клучните прашања на современото образование, како да се учи поефикасно, подлабоко и подолготрајно, а со преводот на македонски јазик станува достапен за пошироката читателска и стручна јавност, а ќе може да се позајми и од библиотеката.
Свое појаснување за овој метод даде и авторот Масимо Роганте со прикажување на видео слајдови за постапките на процесот на учење по неговиот Mетод „ROGANTE “, а што сврте голем интерс кај присутната публика.

Оваа значајно дело претставува современ методолошки прирачник кој успешно ги поврзува теоријата и практиката, нудејќи јасна и применлива рамка за поефикасно учење. Методот „ROGANTE“ е структуриран во логично поврзани фази, од ориентација во материјалот, преку длабинско разбирање и селекција на содржините, до нивно трајно меморирање и практична примена.
Промоцијата беше збогатен со музички изведби на Огнен Ристов, Весна Синадиновска, Анастасија Цветковска и Петар Огњанов. ад/бк/
Фото: Локална библиотека „Гоце Делчев“