• сабота, 23 ноември 2024

Во Велес одбележани 117 години од Солунските атентати на Гемиџиите

Во Велес одбележани 117 години од Солунските атентати на Гемиџиите

Велес, 28 април 2020 (МИА) - Пред споменикот на Гемиџиите во Велес, во чест на Солунските атентатори, денеска се поклони тричлената делегација на општината, предводена од градоначалникот Аце Коцевски, претседателот на Советот, Ненад Коциќ и советничка при Советот на општината, Каролина Попова.

-Нивнатата позната парола „Се арчиме за Македонија“ е вградена во колективната свест на македонскиот народ и одекнува како потсетник дека Велес е еден од градовите каде македонската авангарда ги испишала страниците на историјата со револуционерни подвизи, интелектуална мисла и надчовечки хероизам, Сите знаеме дека од саможртвата на сопствениот живот нема ништо поголемо што може еден револуционер или патриот да го даде за слободата на својата земја, на својот народ, рече Коцевски.

Со златни букви се запишани во историјата на градот и македонската историја гемиџиите: Јордан Поп Јорданов - Орцето, Димитар Мечев - Мечето, Константин Кирков, Илија Трчков, Владимир Пингов, Георги Богданов, Милан Арсов, Тодор Органџиев, Тодор Богданов, Илија Поп Јорданов, Алексо Минов, нивните соборци Павел Шатев од Кратово, Марко Бошнаков од Охрид и другите членови на кружокот.ад/бт/

Тагови

Остани поврзан