• сабота, 23 ноември 2024

Во Босилово се одржа „Ајваријада 2023“

Во Босилово се одржа „Ајваријада 2023“

Босилово, 1 октомври 2023 (МИА) - Денеска во Босилово за прв пат се одржа локалната манифестација „Ајваријада 2023“, на која дваесетина домаќинки од утрово ги запалија печките и почнаа да ги печат и подготвуваат пиперките за ајвар.

Според организаторите, манифестацијата има за цел да ги промовира сите специјалитети од црвена пиперка.

- Оваа манифестација е од големо значење за нашата општина и земјоделските производители кои се занимаваат со градинарско производство и одгледување црвени пиперки. Се надевам дека како познати производители на овој вид пиперки ќе покажеме дека нашите домаќинки го подготвуваат најдобриот ајвар по рецепт која се пренесува од генерација на генерација, рече градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев.

Подготвениот ајвар се дегустираше со домашно сирење на спортското игралиште на училиштето „Гоце Делчев“, а покрај него од штандовите можеше да се вкуси и лутеница, малиџано и други специјалитети подготвени од црвени пиперки.

Во рамките на манифестацијата се одржа богата културно уметничка програма со настап на познати пејачи и културно уметнички друштва.

Ајваријадата се одржа под покровителство на Општина Босилово и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.рт/ир

 

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан