• петок, 05 декември 2025

Во близина на грчкиот остров Гавдос спасени 69 мигранти

Во близина на грчкиот остров Гавдос спасени 69 мигранти

Атина, 6 јуни 2025 (МИА) – Во морскиот дел на 23 наутички милји јужно од малиот грчки остров Гавдос биле откриени и спасени 69 мигранти, информираа од крајбрежната служба на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Чамецот со мигрантите бил откриен од товарен брод што пловел под знаме на Барбадос, а акцијата за спасување ја спровела патролен брод на крајбрежната служба.

Спасените мигранти биле безбедно пренесени на пристаништето на островот.

Во средата, биле спроведени три спасувачки акции во јужниот дел на Грција, во делот меѓу Крит и Гавдос и биле откриени и спасени вкупно 133 мигранти. ср/ссм/

Фото: Крајбрежна служба на Грција

Остани поврзан