• понеделник, 15 декември 2025

Во Битола промовиран женскиот алманах за култура и урбано живеење „Муза“

Во Битола промовиран женскиот алманах за култура и урбано живеење „Муза“

Битола, 14 декември 2025 (МИА) - „Муза“ има амбиција да биде инспиративен водич и информативна платформа на сите жени од сите сфери на нашето живеење, кои ја менуваат и збогатуваат нашата култура и општество, истакна Илија Талев, главен уредник на женскиот алманах „Муза“.

На промотивниот настан во Битола, Талев посочи дека со првиот број на „Муза“ се покажа дека во нашето општество има жед за нови перспективи, особено за приказните кои ги слават жените како креатори на промени.

-Со вториот број,  „Муза“ се зацврстува како медиум кој потикнува интеракција, инсирација, размена на идеи и културен ангажман, со кој се збогатува нашето општество. Со „Муза“ официјално ја започнуваме мисијата на охрабрувајќи жените да ги следат своите страсти во полето во кое делуваат и да го менуваат светот околу нив, нагласи Талев.

Во вториот број на „Муза“ поместени се интервјуа со жени естрадни уметници, ликовни уметници, архитекти, актерки, а со свои колумни застапени се истакнати жени промотори на женскиот активизам. мт/дма/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан