• вторник, 26 ноември 2024

Во Битола Интернационален детски театарски фестивал „Битолино“

Во Битола Интернационален детски театарски фестивал „Битолино“

Битола, 3 август 2023 (МИА) - Во Битола денес почнува 12. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“, кој година се одржува под мотото „Следи ја светлината“.

Фестивалот ќе се одржи на сцените на НУ Центар за култура Битола и НУ Народен театар Битола, стартува со театарска работилница „Митови и легенди за Битола“ под раководство на режисерот Благојче Божиновски и со настап на НУ „Театар за деца и младинци“ кои ќе ја изведат претставата „Лажеш Мелита“ во режија на Драгана Милошевска Попов.

На „Битолино“ годинава ќе гостуваат и „Куклен театар Марибор“ од Словенија, „Мил Рострос“ театар од Мексико, потоа гости од Кипар, Грција, Исланд, Србија, Израел и Хрватска, а квалитетот на претставите ќе го оценува жири во кој членуваат Благој Мицевски, Игор Ивковиќ и Миодраг Неќак.

Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ е проект од национален интерес во културата за 2023 година, финансиски поддржан од Министерството за култура и дел од Годишната програма за култура на Општина Битола, соопшти организаторот, „Бабец театар“ од Битола. мт/дма/

Фото: „Бабец театар“-Битола

 

Остани поврзан