• среда, 25 декември 2024

Во Битола завршува Фестивалот на монодрама

Во Битола завршува Фестивалот на монодрама

Битола, 27 јуни 2021 (МИА) - Најновото издание на Фестивалот на монодрама во Битола ќе заврши со доделување на наградите за најдобрите, за кои одлучува жири комисија предводена од актерката Весна Петрушевска, а во која членуваат и театарскиот критичар Тодор Кузманов и режисерот Љупчо Ѓоргиевски.

Според востановената традиција, актерите кои учествуваа на 22. издание на Фестивалот на монодрама ќе добијат награда за режија, награда за најдобар актер и Гран при награда, за кои во конкуренција се 10 македонски актери со исто толку монодрамски претстави.

Во чест на наградените и веднаш по доделувањето на престижните признанија на големата сцена „Благоја Стефановски-Баге“ премиерно ќе биде изведена претставата „Луди за љубов“ од Сем Шепард во режија на Јован Ристовски.

Фестивалот на монодрама се одржува со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола. мт/бак/

Остани поврзан