• среда, 27 ноември 2024

Во Америка во август отворени 1,4 милиони работни места

Во Америка во август отворени 1,4 милиони работни места
Њујорк, 4 септември 2020 (МИА) - Американската економија доби дополнителни 1,4 милиони работни места во август, што е во согласност со очекувањата, јави Си-Ен-Ен. Податоците за август покажуваат дека заздравувањето на американскиот пазар на труд продолжува да забавува, имајќи предвид дека во јули се отворени 1,7 милиони нови работни места, а во јуни 4,8 милиони, проценува телевизија. Во извештајот се посочува дека секој поединец што ќе се врати на работа е „мала победа во борбата против невидената криза за вработување предизвикана од пандемијата на Ковид-19“. Сепак, Америка сè уште има 11,5 милиони работни места помалку отколку во февруари, се додава во текстот. Стапката на невработеност во САД падна на 8,4 проценти во август, првпат под 10 проценти од март оваа година. паг/  

Остани поврзан