• четврток, 04 декември 2025

Во Албанија учениците од четврто одделение ќе ги изучуваат основите на вештачката интелигенција

Во Албанија учениците од четврто одделение ќе ги изучуваат основите на вештачката интелигенција

Тирана, 28 август 2025 (МИА) - За првпат во новата учебна 2025/2026  година, учениците од четврто одделение во Албанија ќе ги изучуваат основите на вештачката интелигенција.

Министерката за образование и спорт, Огерта Манастирлиу нагласи дека до 2026 година, над 600 училишта ќе имаат и паметни лаборатории за развој на дигиталните вештини кај децата.

-Пред три години започнавме ИКТ програма од прво одделение, но со технолошкиот развој, можевме во реално време да ги следиме достигнувањата на учениците кои изучуваа програмирање минатата година и продолжуваат оваа година. Научивме околу 35 илјади деца како да програмираат, но од друга страна, ја одобривме и новата наставна програма за четврто одделение, која за првпат ќе им обезбеди на учениците основни познавања за вештачката интелигенција, рече Манастирлиу. вт/сд/

Фото: Манастирлиу ФБ

Остани поврзан