• понеделник, 16 декември 2024

Во Албанија уапсен поранешениот министер за здравство Беќај

Во Албанија уапсен поранешениот министер за здравство Беќај

Тирана, 4 јули 2024 (МИА) – По налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК) денеска е уапсен поранешниот албански министер за здравство Илир Беќај.

- Според обвинителството, Беќај додека ја извршувал функцијата директор на државната Агенција за стратешки програми позната како САСПАК, создал коруптивна шема со цел да профитира преку организирање фиктивни тендери. Покрај Беќај, уапсени се и двајца негови соработници, Ермал Кертулај и Алфред Најкола.

На тројцата судија во претходна постапка им одредил мерка притвор, на други две лица „домашен притвор“ а две лица ќе се бранат од слобода.

- Против поранешниот министер Беќај и останатите осомничени СПАК подигна неколку обвиненија, почнувајќи од корупција, прикривање или непријавување богатство, повреда на еднаквоста на тендерите и измама. Беќај, додека ја водеше Агенцијата организирал најмалку осум тендери за услуги во рамките на два настани организирани во 2023 година, но реално тие не биле предмет на редовна постапка за набавка, туку победникот бил договорен и утврден многу порано а постапката за набавка била спроведена фиктивно заради документација и плаќање, додаваат медиуми повикувајќи се на СПАК.

Според истиот извор преку угостителски објект чиј фактички сопственик бил Беќај, но фигурирало друго лице, само во еден случај за одржување конференција потрошени биле 125.000 евра, а во друг за една вечера околу 40.000 евра. Постојат цврсти докази дека се вршело перење пари преку ресторанот. вт/ми/

Остани поврзан