Во Албанија приближно секој втор тестиран позитивен на Ковид, доминира БА5
- Во Албанија бројот на нови случаи со Ковид-19 бележи раст и во последното деноноќие, кога речиси секој втор тестиран е позитивен, јави дописничката на МИА од Тирана.

Тирана, 13 јули 2022 (МИА) - Во Албанија бројот на нови случаи со Ковид-19 бележи раст и во последното деноноќие, кога речиси секој втор тестиран е позитивен, јави дописничката на МИА од Тирана.
Според Министерството за здравство, направени се 3.353 тестови, при што вирусот е потврден кај 1.563 или 46,6 отсто од тестираните.

Тој оцени дека засега нема место за паника, „иако секој втор тестиран е позитивен", зашто бројот на заразени на кои им е неопходен болнички третман се уште е мал.
Според официјалната статистика, активни на болеста се 7.063 лица, од нив хоспитализирани се 30, поголемиот број невакцинирани или со примена само на една доза од антиковид вакцина. вт/паг/