• понеделник, 18 ноември 2024

Во Албанија нивото на инфлација во август 4 отсто

Во Албанија нивото на инфлација во август 4 отсто

Тирана, 8 септември 2023 (МИА) -  Албанскиот институт за статистика, ИНСТАТ, соопшти дека инфлацијата во месец август изнесувала  4 отсто што е пад од 0,2 отсто споредено со  месец јули.

Податоците на ИНСТАТ покажуваат дека годишната промена на индексот на цените на потрошувачката во август 2023 година е преполовена во однос на пред една година кога инфлацијата изнесуваше 8 отсто.

Цените на подгрупата транспорт се оние кои имаат главен придонес во намалувањето на стапката на инфлација, бидејќи бележат намалување за  0,66 отсто.

Цените на прехранбените продукти продолжиле да растат, но на тоа влијаело и повисокото ниво на потрошувачка во текот на месецот. 

На годишниот раст на цените во август, главно влијание има групата „Храна и безалкохолни пијалаци“ со 2,78%, а по неа е групата „Кирии, вода, гориво и енергија“ со 0,44%.

Намалувањето на инфлацијата е позитивен знак за перформансите на економијата, но и за нивото на каматните стапки за кредитокорисниците. Тоа значи дека Централна Банка на Албанија може да почне да го намалува нивото на каматната стапка, која сега изнесува 3 отсто.

Највисоко ниво на инфлација во Албанија беше забележано во октомври минатата година, кога достигна 8,3 отсто, по што почна благо да се намалува.

Така, во ноември беше 7,9 отсто, во јануари 7,2 , во март 5,3 , во мај 4,7 ,  во јуни 4,5  и во јули 4,2 отсто. вт/ссм/

 

Остани поврзан