• четврток, 26 декември 2024

Во Албанија минатата година азил побарале 2.533 лица, главно Авганистанци

Во Албанија минатата година азил побарале 2.533 лица, главно Авганистанци
Тирана, 10 јули 2022 (МИА) - Во Албанија минатата, споредено со претходната година, забележан е раст на барателите на азил за 13,5 отсто. - Во 2021 година азил во земјата побарале 2.533 лица, речси сите од Авганистан или 2.498 лица, што е 98,6 отсто од вкупниот број, додека 19 баратели на азил се регистрирани од Сирија, што е значително помала бројка од 2020 година, кога граѓаните на оваа земја доминираа во мнозинството баратели на азил во Албанија, заедно со баратели на азил од Ирак, покажуваат податоците на албанскиот Институт за статистика. Според статистиката, врвот на барањата за азил во Албанија е забележан во месеците септември-ноември, под влијание и на политичката ситуација во Авганистан. Бегалците кои доаѓаат во Албанија имаат право да бараат азил, а оние на кои им се прифаќа барањето имаат можност да престојуваат во прифатните центри отворени за барателите на азил. Рекордна бројка на апликации за азил е забележана во 2018 година, кога биле доставени дури 4.386 лица. Од вкупната бројка, 2.150 апликации се поднесени од државјани на Сирија, по што следуваат државјаните на Пакистан и на Ирак. вт/ми/

Остани поврзан