• вторник, 24 декември 2024

Во Албанија за шест месеци бебешки бонус добиле над 19 илјади новороденчиња

Во Албанија за шест месеци бебешки бонус добиле над 19 илјади новороденчиња
Тирана, 14 јули 2022 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама објави дека во првите шест месеци од годинава, над 19 илјади новороденчиња добиле бонус за бебе.
Преку објава на „Фејсбук“, Рама наведува дека од почетокот на „оваа универзална програма“ јануари 2019 година, бонус добиле вкупно 134.800 деца.
Со владината програма, родителите на прво родено дете добиваат бонус во износ од 40 илјади лека (околу 330 евра), за второ 80.000 и 120.000 лека за трето дете. Доколку се близначиња или тројка добиваат по ист износ.
Бонус добиваат сите новороденчиња независно дали се родени во или надвор од земјата, кои се запишани во матичната книга на родените во Албанија.
 
Родителите на новороденчињата чекот го добиваат во породилиштето, каде исто така веднаш се врши запишување на децата во матичната евиденција.
Според медиумите, само околу 30 отсто од новороденчињата на свет дошле во матичната земја. вт/паг/

Остани поврзан