• петок, 22 ноември 2024

Во Албанија до денеска вакцинирани 13.495 лица, утре пристигнува пратка од 15.000 вакцини од Фајзер

Во Албанија до денеска вакцинирани 13.495 лица, утре пристигнува пратка од 15.000 вакцини од Фајзер
Тирана, 28 февруари 2021 (МИА) - Албанското Министертво за здравство и социјална заштита информираше дека денеска вакцина против Ковид-19 примиле 1.028 лица, главно здравствени работници, како и постари лица од 80 години. Според Министертвото досега во земјата со имунизацијата се опфатени 13.495 лица од нив 500 и со втора доза од вакцината. Утре приситигнува пратка со 15.000 вакцини од компанијата Фајзер, што со претходно добиените станува збор за количина од 31.380 од договорените 500.000 со оваа компанија. Вакцинацијата почна на 11 јануари со добиените 975 вакцини од ,како што тогаш изјави премиерот Еди Рама, една пријателска земја. Најдоброто сценарио за да се заврши процесот на вакцинација на популацијата постара од 18 години е 14 месеци. Во меѓувреме продолжува негатвниот тренд на новозразени и починати присутен во текот на целиот месец. -Во последните 24 часа од направените 3.805 тестови, опасниот вирус е дијагностициран кај 952 што е 25 отсто од тестираните. Во исто време оздравни се 804 додека починале 21 пациент. Во четирите ковид болници во Тирана и трите регонални болници хоспиталзирани се 662 пациенти, од нив 49 на интензивна терапија, додека 14 се интубирани, информира Министерството. До сега во Албанија направени се 466.785 тестови, позитивен резултат е добиен кај 107.167, оздравеле 69.773, активни на болеста се 35.598 а починале 1.796 лица. вт/ссм/

Остани поврзан