• вторник, 11 февруари 2025

Во Австрија осуден Ирачанец поради учество во терористичка група и криминална организација

Во Австрија осуден Ирачанец поради учество во терористичка група и криминална организација

Виена, 10 февруари 2025 (МИА) – Регионалниот суд во Виена денеска осуди 19-годишен Ирачанец на двегодишна затворска казна за учество во терористичка група и криминална организација. Тоа е прв судење што произлегува од истрагите за наводните исламистички планови за напад на концертите на Тејлор Свифт во Виена минатата година.

Ирачанецот не е обвинет за вмешаност во наводниот заговор против концертот на американската пејачка во Виена во август 2024 година. Но, Јавното обвинителство го обвини дека дистрибуирал криминална содржина на социјалните мрежи со цел да регрутира нови поддржувачи на Исламска држава.

Ирачанецот го привлече вниманието на австриските власти како резултат на истрагата за сега 20-годишниот главен осомничен, кој беше уапсен непосредно пред да се одржат планираните концерти. Се тврди дека планирал самоубиствен напад во име на ИД на еден од трите планирани концерти на Свифт во Виена.

За терористички активности на концертите на Свифт осомничени се и други лица. Еден од нив е во притвор во Саудиска Арабија откако во март 2024 година од Австрија отпатувал во Мека, каде наводно избодел неколку луѓе. Друго лице е осомничено дека знаел за плановите за напад во Виена. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан