Во Австралија запленети рекордни 2,3 тони кокаин
- Австралиската полиција денеска соопшти дека запленила рекордни 2,3 тони кокаин и уапсила 13 лица, откако брод со дрога се расипа во близина на брегот на Квинсленд.

Канбера, 2 декември 2024 (МИА) – Австралиската полиција денеска соопшти дека запленила рекордни 2,3 тони кокаин и уапсила 13 лица, откако брод со дрога се расипа во близина на брегот на Квинсленд.
Полицијата соопшти дека сите уапсени се австралиски државјани, а двајца од нив се помлади од 18 години и се соочуваат со доживотен затвор како максимална казна.
Продажната вредност на запленетиот кокаин се проценува на 494 милиони долари. јт/
Фото: ЕПА архива