• среда, 25 декември 2024

„Волстрит џурнал“: Шолц ја блокира испораката на ракети Таурус во Украина поради страв од Русија

„Волстрит џурнал“: Шолц ја блокира испораката на ракети Таурус во Украина поради страв од Русија

Вашингтон, 28 септември 2023 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц ја блокираше испораката на ракетите со долг дострел Таурус за Украина, бидејќи стравува дека тоа ќе доведе до конфликт со Русија, објави „Волстрит Џурнал“ (Wall Street Journal), повикувајќи се на свои извори.

Другите членови на германската владејачка коалиција одобрија испраќање ракети Таурус во Украина. Германската пратеничка Мари-Агнес Штрак-Цимерман на 4 септември напиша на Твитер дека самиот Шолц ја блокира оваа одлука во рамките на коалицијата.

Според извори цитирани од „Волстрит џурнал“, Шолц е загрижен дека германскиот персонал ќе мора да работи со проектили на терен во Украина, потег што тој тврдеше дека ќе бара гласање во Парламентот. Уште повеќе, како што наведуваат, „Шолц се плашеше дека присуството на германски трупи на теренот во Украина може да предизвика директен конфликт со Русија“.

-Нејасно е зошто Шолц тврди дека германскиот персонал ќе мора физички да биде лоциран во Украина за да може да се користат ракетите Таурус, пишува „Волстрит џурнал“. мс/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан