• вторник, 24 декември 2024

Волстрит журнал: Конгресот може да одобри нов пакет помош за Украина во висина од 50 до 100 милијарди долари 

Волстрит журнал: Конгресот може да одобри нов пакет помош за Украина во висина од 50 до 100 милијарди долари 

Вашингтон, 10 октомври 2023 (МИА) - Конгресмените од двата дома на парламентот на САД кои го подржуваат Киев имат намера да одобрат голем пакет помош за Украина во висина од 50 до 100 милијарди долари, соопшти синоќа весникот Волстрит журнал. 

Весникот дознава дека новиот пакет помош може да биде доволен до крајот на 2024 година и со неговото донесување ќе завршат политичките поделби околу прашањето што да се прави со подршката за Киев. 

На 30 септември Конгресот изгласа привремен буџет што не вклучува помош за Украина. Ова беше донесено вонредно за да се избегне блокада на владата (шатдаун). 

Според коментари на неколку проукраински сенатори, големиот пакет помош за Киев може да биде ставен на гласање меѓу 16 октомври кога Конгресот се враќа на одржување пленарни заседанија и 17 ноември, кога завршува вонредното финансирање на владата на САД,  

-Многумина сметаат дека во тоа има логика, наместо да испраќаме (помош за Украина) во мали порции, што може да стане покомплицирано, треба само отворено да му се каже на народот какви се долгорочните потреба и да се обидеме да го направиме тоа, изјави демократскиот сенатор од Вирџинија, Тим Кејн. 

„Сметаме дека во двата дома имаме доволно гласови за тоа“, додаде тој. 

Изданието истакнува дека засега е нејасно како новата војна на палестинските милитанти Хамас против Израел може да влијае на американската помош за Украина. 

Се вели дека некои републикански членови на Конгресот подржуваат нов голем пакет помош за Украина, но во Републиканската партија има многу противници за издвојување нова подршка за Киев. кб/ сд/ 

Остани поврзан