Воз удри во автомобил на железничкиот премин кај Зелениково
- Екипа на Итната медицинска помош - Скопје е на лице место, потврди за МИА, шефот на смена во Брза помош - Скопје, доктор Драган Панов. Според првичните информации повредено е едно лице.

Скопје, 20 април 2025 (МИА) - Воз удри во автомобил попладнево на железничкиот премин кај Зелениково.
Екипа на Итната медицинска помош - Скопје е на лице место, потврди за МИА, шефот на смена во Брза помош - Скопје, доктор Драган Панов.
Според првичните информации повредено е едно лице.
Засега нема детали за сообраќајната несреќа и под кои околности дошло до судирот. бд/бак/
Фото: МИА архива