Водата во Скопје безбедна за пиење
- Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажува микробиолошката анализа на 192 примерока од 48 мерни места, што ја спроведе Секторот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје.
Скопје, 16 март 2026 (МИА) - Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажува микробиолошката анализа на 192 примерока од 48 мерни места.
ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје денеска соопшти дека Секторот за санитарна контрола, во периодот од 9 до 13 март, зел 192 примерока за физичко-хемиска и 192 примерока за микробиолошка анализа на водата за пиење од 48 мерни места во градот Скопје.
- Во согласност со добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење („Службен весник на РМ“, бр.183/18) - информира ЈП „Воодвод и канализација“ - Скопје.лв/вј/
Фото: МИА архива