• четврток, 07 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да истражи во чии џебови завршија три милиони евра повеќе од предвиденото за набавка на уред од МЕПСО

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да истражи во чии џебови завршија три милиони евра повеќе од предвиденото за набавка на уред од МЕПСО

Скопје, 30 октомври 2024

СДС и ДУИ се симбол за криминал, корупција, скандали, злоупотреби на службените должности и овластувања за лично богатење на поединци во нивните редови и лица блиски со нив.

Владеењето на СДС и ДУИ е забележано со бројни криминални и корупциски скандали, таков е последниот во МЕПСО каде постојат сомнежи и индиции за злоупотреба на три милиони евра пари на граѓаните. Компанијата, под водство на лица од овие партии, склучила договор за набавка на уред за три милиони евра поскап од предвидениот План за развој, кој самите го донеле.

Под водство на Зуди Енуз од, така наречениот, фронт на ДУИ и поставен од СДС, во јуни годинава МЕПСО склучил договор со албанска фирма „Шанси Инвест“ за набавка на уред за корекција на напонски профил на трансформаторска станица. Во Планот за развој на електро преносниот систем на МЕПСО 2021-2030 година, буџетот предвиден за уредот за корекција изнесува 2.8 милиони евра, а во договорот склучен со оваа фирма истиот уред изнесува 5.864 милиони евра, што е за три милиони евра повеќе од планираното.

Дополнителен загрижувачки факт е што на овој тендер албанската фирма Шанси Инвест учествува со Далековод АД Загреб, која е фирма за производство на таквиот вид на опрема и која се јавува како поголем партнер во конзорциумот.

Од сето ова се покренуваат сомнежи за улогата на албанската фирма кога истата опрема доаѓа, можела да се набави и да биде монтирана директно од фирмата производител. Дали Шанси Инвест е фирма која послужила за вадење на профитот од над 3 милиони евра повеќе од планираното?

Го повикуваме Јавното обвинителство веднаш да отвори случај и да истражи во чии џебови завршила разликата од три милиони евра.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан