• среда, 17 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Неточни и тенденциозни објави дека Мицкоски бил на партиска трибина, додека државата се соочува со пожари

ВМРО-ДПМНЕ: Неточни и тенденциозни објави дека Мицкоски бил на партиска трибина, додека државата се соочува со пожари

9 јули 2025 

СООПШТЕНИЕ, ДЕМАНТ 

Категорично ги отфрламе пишувањата на некои портали како неточни и тенденциозни, дека премиерот Мицкоски наводно бил на партиска трибина, додека државата се соочува со пожари

Во врска со написите во неколку интернет портали дека премиерот Мицкоски наводно бил на партиска трибина додека државата се соочува со пожари, категорично ги отфрламе ваквите неточни и тенденциозни тврдења.

Вистината е следна:

- Кризниот штаб заседаваше вечерта, како што беше најавено, под раководство на премиерот Христијан Мицкоски.

-  Премиерот пристигна на трибината во Куманово со задоцнување, токму поради претходната обврска со Кризниот штаб.

- За одлуките на кризниот штаб информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. 

Пожарите се сериозен предизвик и Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ, заедно со сите надлежни институции – Армијата, Полицијата, Дирекцијата за заштита и спасување и ЦУК – се целосно мобилизирани и се постојано на терен. Премиерот е директно вклучен во управувањето со кризата и лично им изрази благодарност на сите ангажирани служби.

Објавувањето на дезинформации во моменти кога државата се бори со сериозни природни непогоди е не само неетички, туку и штетно за моралот на луѓето што се борат на првата линија.

Ги повикуваме медиумите на професионално и точно информирање. Наместо евтини сензации, на Македонија ѝ треба одговорност и обединетост. 


Линк од фб објава: 


https://www.facebook.com/share/1Hkg3aMqs1/?mibextid=oFDknk


Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________________________

 МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан